МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ИГРА

Дали сте под стрес? Дали ова прашање ви звучи смешно? Па, да, повеќето од нас се под стрес. Причини: разни и безобразни, оправдани и неоправдани, логични и ирационални, егзистенцијални или емоционални… За поводите и причините може да се разговара со стручни лица, а ние може да помогнеме за стресот. И тоа одговорно!

 

Smash it up e место каде што може да се ослободите од стресот на уникатен начин!

Дојдете, скршете, ослободете се од стресот! Ние потоа ќе рециклираме!

За кого?

Smash it up е модулиран за сите над 18 години. И не ви требаат посебни вештини. Едноставно дојдете, донесете пријател, колега, семејството. Спојте ги корисното и забавата. Од стресот ослободуваат и планинарењето, спортот, видео-игрите... Но време е и за нешто ново.

Тимски дух

Се е подобро во друштво. „Извадете“ ги колегите од канцеларија. Smash it up значи и добар Team building. Запознајте се на уникатен начин.

Мулти-корисни

Со Smash it up создаваме и мулти-корисност: Вие се ослободувате од стресот за само 20 минути, а ние рециклираме, се грижиме за животната средина и сме општествено одговорни.

ЧПП

Ова е еден од најновите и најпопуларните методи за ослободување од стрес во модерниот свет. Се реализира со кршење разни предмети во строго контролирана и безбедна средина, со заштитна опрема за секого.
Зависно од одбраниот пакет, една сесија може да трае од 10 до 20 минути.
Во собата ќе биде само пријавениот/пријавените за конкретната сесија, но под безбедносен надзор од нашиот тим.
Понесете личен документ за идентификација и желба за нешто ново и ефикасно.
Да се биде полнолетен