ПРАВИЛА
- Заштитната опрема задолжително мора да ја носите за цело време на престојот во анти стрес собата.
- Во анти стрес сесијата учествувате на сопствена одговорност.
- Предметите се кршат со избраната алатка, а не од ѕидовите и од плафонот.
- За се што ви е нејасно слободно прашајте ги нашите вработени.
- Доколку кршите со партнер, внимавајте на неговата безбедност и не фрлајте со предмети кон него. Следниот пат може нема да дојде со вас.
- Снимањето на вашата сесија е дозволено и пожелно, само немојте да го помешате телефонот со предметите за кршење.
- Ослободувањето од стрес и забавата се задолжителни.
- Учесниците мора да бидат полнолетни.